Најголема слобода за патување македонските граѓани имаат во Европа. Со македонски пасош без виза може да се патува и во земјите од Шенген-зоната.
За дел од популарните подалечни дестинации, сепак, и понатаму е неопходно претходно да се помине процедура за добивање виза. Меѓу нив се Соединетите Американски Држави, Канада и Австралија, како и одредени азиски земји.
Како стои Македонија во споредба со регионот?
Кога станува збор за земјите од регионот, Србија се наоѓа на 34. место, неколку позиции пред Македонија.
Црна Гора е рангирана на истото, 38. место, додека пасошите на дел од соседните земји овозможуваат значително поголема слобода за патување.
Бугарскиот пасош се вбројува меѓу 15-те најсилни пасоши во светот, додека грчкиот е меѓу првите пет.
Кои се најмоќните пасоши во светот?
На самиот врв на глобалното рангирање се наоѓа Сингапур, а меѓу најсилните се и Јапонија и Јужна Кореја.
Граѓаните со овие пасоши можат да патуваат без претходно обезбедена виза во повеќе од 190 земји и дестинации, што ги става во значително поповолна позиција кога станува збор за меѓународните патувања.
„Henley Passport Index“ ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да патуваат без потреба однапред да обезбедат виза.
