Македонскиот пазар на труд под рендген: Кои професии се на цена, а кои заминуваат?
Анкети и истражувања

Македонскиот пазар на труд под рендген: Кои професии се на цена, а кои заминуваат?

7/8/2025

Анализата на Vrabotuvanje.com, најпосетуваниот сајт за огласи за работа, ги открива најбараните категории и скриените сигнали за економските и општествените промени во првите 6 месеци од 2025 година – споредено со истиот период во 2023 и 2024. Каде се бара најмногу кадар? Каде опаѓа интересот? Кои сектори се стабилизираат, а кои експлодираат?

Направената анализа се однесува на објавени огласи по категории во првите 6 месеци од годината а споредено со две години наназад. Ги споредивме трендовите во 2025 со оние од 2024 и 2023 година и еве ги заклучоците:

Од податоците се гледа значаен раст на објавени огласи (7500 на 9500) од 2023 до 2024 (околу +25%), а потоа блага стагнација во 2025 (намалување од -0.24% во однос на 2024), што може да значи стабилизирање по период на интензивна побарувачка или ограничување на вработувањата во одредени сектори. Ако го собереме пак бројот на апликаци за првите шест месеци од овие три години на сајтот пристигнале повеќе од половина милион пријави на кандидати.

Детален приказ по категории: