Сопственик од околината на Бајина Башта кој има хектар малини вели дека од 1 јули собира работници на работа.
Објавувал огласи секаде каде што можел.
– Обезбедено е сместување и храна, а дневно може да заработите и до 5.000 – вели тој за српските медиуми.
Тоа значи, како што објасни, дека треба да набере 50 килограми малини.
Толку плаќаат и другите овоштари кои бараат сезонски работници.
Во Липолист кај Шабац за берење малини од 20 до 25 јуни со работно време од 6 до 19 часот, со три подолги паузи, сместување, храна и плата, се нуди иста дневница.
Малинарите се жалат дека од сезона во сезона станува сè потешко да се најдат луѓе подготвени да работат повеќе часови на сонце. Младите се помалку заинтересирани, а постарите немаат енергија.
Способните мажи имаат тенденција да одат на сезонска работа во градежништвото, така што најголемиот дел од сезонските берачи се жени.
