Алкалоид со силен раст на западноевропските пазари !
Успешни бизнис приказни

Алкалоид со силен раст на западноевропските пазари !

8/14/2025

„Македонскиот фармацевтски гигант бележи силен раст во првата половина од 2025 – Холандија, Австрија и Шведска со рекордни зголемувања на продажбата, а домашниот пазар порасна за 19%“

Во првата половина од 2025 година, македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид оствари консолидирана продажба од 164,2 милиони евра, што е раст од 7% во однос на истиот период лани, и нето добивка од 13,9 милиони евра. Инвестициите за истиот период достигнаа 10 милиони евра.

На домашниот пазар продажбата порасна за 19%, а 66% од вкупните приходи доаѓаат од странство. Најголем скок е забележан во Холандија (6,6 пати повеќе), Австрија (5,3 пати), Шведска (4 пати), Јужна Африка (3 пати) и Финска (2,8 пати). Значителни пораст има и во Ирска (66%), Грузија (45%), Грција (17%), БиХ (14%), Германија (14%), Словенија (10%) и Србија (10%), додека во Хрватска растот е 9%.

Фармацевтските производи сочинуваат 91% од продажбата, од кои најголем удел имаат антибиотиците (23%), OTC препаратите (16%), невролошките (13%) и кардиолошките лекови (12%).

Компанијата вработува 3.027 лица, од кои 2.269 во Северна Македонија, а останатите во поврзани друштва во странство. Просечната цена на акцијата во периодот јануари–јуни 2025 изнесуваше 457 евра, што е раст од 39% споредено со лани. На 30 јуни, пазарната капитализација достигна 645,4 милиони евра.

Алкалоид исплати и рекордна дивиденда од 10,2 евра бруто по акција – зголемување од 16,67% во однос на 2024 година, за што беа издвоени 14,66 милиони евра. Управата очекува трендот на раст и инвестиции да продолжи и во остатокот од годината, со нови проширувања на странските пазари.