ПРОМЕНИ ВО МАКОИЛ: Бензинските ќе работат под брендот „Окта“
Актуелно

ПРОМЕНИ ВО МАКОИЛ: Бензинските ќе работат под брендот „Окта“

26. 07. 2025.

„Макоил“ – ќе остане мало делче кое потсетува чија всушност е бензинската пумпа, нешто што не може да се види на бензинските пумпи на „Пуцко Петрол“, кои целосно се покриени под брендот „Окта“.

Бензинските пумпи „Макоил“ на Мите Јовановски почнаа со ребрендирање во „Окта“. За многу скоро, би требало овие бензински пумпи целосно да го добијат новиот изглед, задржувајќи ги правилата на „Макоил“.

Намерата на Јовановски не е нова. Постапката има почнато во 2024 година, кога „Окта“ јавно го објави документот за инструкции на понудувачите кои бараат да бидат брендирани „Окта“. Во овој документ се најдоа трите бензински станици на „Макоил“ и онаа на „Петрол Оил“ во скопското Ново Село.

Иако одлучил да го стори тоа, визуелно, не сака да го замре брендот на „Макоил“ – ќе остане мало делче кое потсетува чија всушност е бензинската пумпа, нешто што не може да се види на бензинските пумпи на „Пуцко Петрол“, кои целосно се покриени под брендот „Окта“.

„Макоил“ ја има завршено 2024 година со добивка од речиси седум милиони денари, односно 113 илјади евра – повеќе од двојно пониска од 2023 година, кога имаше добивка од 14,5 милиони денари или 236 илјади евра.

АКТИВЕН ОГЛАС ВО СЕКТОР КОМЕРЦИЈА ВО ПУЦКО ПЕТРОЛ