Оваа недела со посебна благодарност ја испраќаме во пензија нашата драга колешка Радмила Трајковска во едно ново, заслужено животно поглавје.
.jpg)
За Радмила можеме да кажеме само дека е не само прекрасна колешка туку и прекрасен човек. Секогаш тивка, мила, ненаметлива и секогаш со една искрена добрина која се чувствуваше и без многу зборови.
Горди сме што денеска испраќаме во пензија уште еден значаен член од тимот на Мотоцентар.
.jpg)
Радмила сакаме да ти се заблагодариме за целокупниот твој ангажман, за секој убав момент, за добрината и времето кое го поминавме заедно.
Сега е време за ново темпо. За повеќе време за себе, за семејството, за малите радости, и за се она за кое порано можеби немало доволно време.
.jpg)
Уживај во секој момент од новото поглавје и ти посакуваме среќна пензија!
