Колку навистина сте задоволни од вашата работа? Вклучете се во истражувањето
Актуелно

Колку навистина сте задоволни од вашата работа? Вклучете се во истражувањето

28. 04. 2026.

Вклучете се и кажете ни – колку навистина сте задоволни од вашата работа?

Националниот индекс на задоволство е можност да го споделите вашето мислење за тоа колку сте задоволни на вашето работно место и со тоа да придонесете кон создавање поквалитетна работна средина во Македонија.

 

Вклучете се и кажете ни – колку навистина сте задоволни од вашата работа?

Задоволството од работа денес е многу повеќе од самата плата. Тоа го опфаќа квалитетот на работната средина, односите во тимот, можностите за развој, како и чувството на сигурност и припадност. Сепак, и покрај сè поголемиот фокус на овие теми, реалната слика за задоволството на вработените во  Македонија често останува недоволно истражена.

Токму затоа Alma Career, преку порталот Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнерските портали MojPosao во Хрватска и MojPosao.ba во Босна и Херцеговина, го спроведува истражувањето „Национален индекс на задоволство на вработените“.

Целта на истражувањето е да понуди јасен и релевантен увид во тоа како вработените во Северна Македонија ја доживуваат својата работна средина – што ги мотивира, каде ги препознаваат предизвиците и колку се задоволни од клучните аспекти на својата работа. Токму преку овие одговори се добива реална слика за состојбата со задоволството на работните места.

Резултатите од истражувањето ќе придонесат за подобро разбирање на трендовите на пазарот на труд, но и ќе понудат насоки за компаниите кои сакаат да ја унапредат работната средина и односот кон вработените.

Кои се аспектите од работата што сакаме да ги подобриме?
Колку сме подготвени да го препорачаме нашиот работодавач на други?
И колку сме воздржани кога станува збор за искрено споделување на нашето искуство?
Како ја доживуваме поддршката од работодавачот за нашиот професионален и личен развој?

Вашето мислење е важен дел од оваа слика.

Вклучете се во анкетата ТУКА и споделете го вашето искуство.

Со заеднички напори можеме да создадеме подобра работна средина и да поттикнеме позитивни промени на пазарот на труд во Северна Македонија.