Македонија со загрижувачка статистика: 48,1 отсто од возрасните пушат секојдневно
Актуелно

Македонија со загрижувачка статистика: 48,1 отсто од возрасните пушат секојдневно

24. 11. 2026.

Половина од возрасните граѓани во Македонија се пушачи, а 48,1 отсто пушат секојдневно, покажува националната анкета на Аналитика за 2026 година.

Истражувањето открива и дека 62 отсто од испитаниците кои посетувале ресторани и кафулиња биле изложени на чад од цигари во овие објекти.

За загрижувачките бројки и мерките за намалување на употребата на тутун денеска во Скопје ќе се разговара на националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“.

Конференцијата е во организација на Аналитика тинк-тенк и Светската здравствена организација, а предвидено е да ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски.

Целта е да се утврдат приоритетните мерки за намалување на пушењето, превенција и поефикасна заштита на јавното здравје.