Од ИТ до градежништво: Ова се најуспешните битолски компании
Актуелно

Од ИТ до градежништво: Ова се најуспешните битолски компании

04. 06. 2026.

Кои се најуспешните 10?

Најголема добивка меѓу компаниите од Битола во текот на 2025 година остварила ЕРИ Корпорејшн, производствена компанија со македонско-италијански капитал која се занимава со изработка на вентилациски системи за станбени, деловни и индустриски објекти. Основана во 2015 година, компанијата денес е значаен извозник на европските пазари и вработува неколку стотици лица.

Веднаш зад неа се наоѓа Цермат, добро познат производител на сладолед, млеко во прав и замрзнати прехранбени производи. Во врвот на листата се најде и градежната компанија Стентон Градба, која изминатите години беше ангажирана на повеќе инфраструктурни и јавни проекти низ државата.

Меѓу најуспешните битолски компании е и АД Млекара Битола, која останува лидер во домашната млечна индустрија според приходите и профитабилноста. Во првите позиции се вбројува и Игнација ФМ, компанија специјализирана за изведба на завршни градежни работи, особено во областа на системите за греење и вентилација.

Во втората половина од рангирањето се наоѓа земјоделскиот гигант Пелагонија, компанија која покрај земјоделското производство е активна и во производството на сточна храна, како и на електрична енергија преку биогасна централа. Во нејзиното портфолио е и брендот Здравје Радово.

Битола продолжува да биде препознатлива и по успешни ИТ-компании, а една од нив е Интерворкс,IW која со години бележи стабилен раст во технолошкиот сектор.

Значаен напредок бележи и градежната компанија Пелистер, која повторно се враќа меѓу најуспешните компании во градот по преземањето на управувањето од страна на Татјана Стерјева.

Листата на десетте најпрофитабилни компании ја заокружуваат Синпекс, познат по продажба на земјоделска механизација и трактори, како и печатницата Киро Дандаро, која денес работи во рамки на хрватската групација САТО.