Телеком Србија влегува со жестоки 50 милиони евра во Македонија – ќе ја преземе лидерската позиција?
Актуелно

Телеком Србија влегува со жестоки 50 милиони евра во Македонија – ќе ја преземе лидерската позиција?

09. 08. 2025.

Целта е да го сменат пазарот – да се изборат за позиција број еден

Телеком Србија официјално најави сериозна инвестиција од 50 милиони евра во Македонија, со амбиција да стане најмоќниот телекомуникациски оператор на пазарот. По четири години присуство и инвестиции од 18 милиони евра, компанијата сега тргнува со силен напад кон врвот, подготвена да прошири оптичка мрежа и да купи помали оператори.

Генералниот директор Владимир Лучиќ јасно вели дека целта е да го сменат пазарот – да се изборат за позиција број еден, како што тоа веќе го направија во Црна Гора. Дали ќе успеат во Македонија каде пазарот е исклучително конкурентен и развиен?

Дополнително, Телеком Србија ги повикува локалните ИТ компании и стартапи кои работат со вештачка интелигенција да аплицираат за финансиска поддршка преку нивната платформа. Ова е јасен сигнал дека компанијата не само што влегува со големи пари, туку сака и да го движи иновацискиот развој во земјата.

Дали ова е почеток на нова ера во телекомуникациите во Македонија? Телеком Србија се поставува како сериозен играч и стратешки партнер, подготвен да ја подигне конкуренцијата и стандардот на целата индустрија.