Оваа година процесот носи целосна нова динамика, со оглед на тоа што за првпат се полагаат три различни типови матура прилагодени според средното образование на учениците.
Податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) покажуваат дека од вкупно пријавените 14.587 ученици, убедливо најголем дел полагаат класична државна матура, додека останатите се распределени во стручна и уметничка матура.
Англискиот јазик е дефинитивно најубедливиот избор каде знаењето ќе го тестираат над 13 илјади кандидати, додека за математика се пријавиле нешто повеќе од илјада средношколци.
Следниот задолжителен чекор за учениците е испитот по мајчин јазик и литература, кој според официјалниот календар е закажан за 11 и 12 јуни во зависност од типот на образованието.
На терен се ангажирани околу 2.500 тестатори кои будно следат да нема неправилности, со оглед на тоа што годинава важи строга забрана за внесување на мобилни телефони и какви било електронски уреди.
Поради просторен дефицит во некои од средните училишта, дел од матурантите своите тестови ги полагаат во големите амфитеатри на факултетите.
