Магла и намалена видливост на патиштата: АМСМ апелира на внимателно возење
Актуелно

Магла и намалена видливост на патиштата: АМСМ апелира на внимателно возење

24. 11. 2026.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, но на одредени делници има намалена видливост поради магла.

Според АМСМ, на патниот правец Лисец – Попова Шапка видливоста е намалена на 50 до 60 метри. На граничните премини нема подолги задржувања.

Од денеска започнуваат градежни работи на мостот кај клучката Бучим, на патот Штип – Радовиш, каде сообраќајот ќе се одвива наизменично, регулиран со семафори.

Изменет режим на сообраќај има и на патните правци Кичево – Охрид, Гостивар – Кичево, Струга – Дебар и Калишта – Радожда, додека патот Охрид – Ресен преку Галичица е сезонски затворен.

АМСМ предупредува на можни одрони и апелира до возачите да ја приспособат брзината и да возат внимателно.

Се потсетуваат граѓаните дека носењето зимска опрема е задолжително до 15 март 2027 година, без оглед на временските услови.