Од ПОЦ информираат дека Општина Центар и претпријатието ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка со цел да се подобри сообраќајната безбедност.
Воедно, упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат возилата исклучиво на означени и дозволени места. На тој начин ќе се овозможи непречено движење на пешаците и велосипедистите по тротоарите и велосипедските патеки, како и побезбедно одвивање на сообраќајот на улиците.
