Повеќе од 290 коментари под еден единствен пост на Vrabotuvanje.com.mk се доволни за да се слушне гласот на народот: „плата по договор“ повеќе не проаѓа. Напротив – станува симбол за понижување, недоверба и манипулација така барем ја доживуваат оние кои ги гледаат огласите
Штом не ја пишуваат – значи е мизерна.-напишал еден од засегнатите
Граѓаните се децидни: нема веќе трпение за „маркентиншки замотани“ огласи без конкретни бројки. Во време на инфлација и економска несигурност, платата не е бонус-информација – туку суштинска.
„Оглас без плата е како производ без цена.“
Оние што ја сокриваат, според коментарите, имаат само една причина:
Ако е добра – ја кажуваат со гордост. Ако се крие – знаеш дека е беда.
Некои веруваат дека станува збор за стратегија – да се фати најнаивниот. Други – дека ваквите огласи се „ради реда“. А трети ја обвинуваат системската манипулација:
„Прво те прелажуваат со висока сума, па првиот месец кеш, вториот – минималец на трансакциска, третиот – отказ.“
Фразата Дојди на разговор – па ќе ти кажеме веќе е манипулација од највисок ранг
Кандидатите не молат – бараат фер однос
„Како што во CV морам да напишам јазици, вештини и искуство – така и вие напишете плата, смени, услови.“
Некои дури бараат законски измени, други пак – компаниите што не ја наведуваат платата да бидат директно одбиени од платформата vrabotuvanje.com
„Не ги објавувајте вакви огласи. Тоа е губење време за сите.“
„Секој што плаќа под 40.000 денари – нека си ја затвори фирмата.“
Малку хумор, многу гнев
Коментарите не се само гневни – има и сарказам:
„Плата по договор? Зависи каква овца ќе најдат – така ќе ја стрижат.“
Кога ке објавите оглас со Плата по договор-„Прво помислуваме да ви удриме ќотек, па после ништо.“
И што сега?
Пораката е јасна: работниците стануваат погласни, поискусни и поинформирани.
Ова не е напад врз фирмите – туку повик за транспарентност.
Компаниите што сакаат квалитетен кадар – ќе мораат да ја сменат праксата. Инаку, ќе останат со празни канцеларии и уште попразни интервјуа- така заклучува еден од коментаторите а на крајот констатацијата
Ако не ја пишува платата – не вреди ниту да го читам ниту да се пријавам..
