Кафанското „живели“ поскапе за 10%!
Актуелно

Кафанското „живели“ поскапе за 10%!

06. 11. 2025.

Продолжува трендот на раст на цените на угостителските услуги. Општата перцепција на граѓаните е дека со секое следно седнување во ресторан сметката е се поголема за истите нарачани оброци и пијалаци како претходниот пат.

Официјалните податоци велат дека за една година драстично се поскапени храната и пијалаците кои се служат во угостителските објекти. Податоците велат дека единствено ноќевањата бележат минимално намалување на цената спередбено октомври годинава со истиот месец лани.

Трендот на раст на цените во угостителството со години веќе никако да запре. Последните информации кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека речиси 4% на годишно ниво се поскапени трошоците на граѓаните при посета на угостителски објекти.

„Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.1 %“, стои во извештајот на ДЗС.

Информациите откриваат дека во периодот октомври лани октомври 2025 година цените во угостителските објекти на алкохолните пијалаци е зголемена за 9,2 отсто. Во исто време храната што се служи во кафеаните и рестораните забележала раст од 8%.

Соковите и минирелните води бележат раст на цената од 6,3 отсто. Податоците на статистичарите велат дека за 11 отсто на годишно ниво се намалени сместувањата во хотелите, мотелите и останатите помали сместувачки капацитети низ земјава.

Извор: denar.mk