Првиот ранец, првите тетратки, новите моливи и боички, првото место во училишната клупа... Сите овие наизглед мали работи го прават почетокот на училиштето посебен и незаборавен.
Токму затоа, и оваа година, на нашите првачиња им подаривме ранчиња и комплетен училишен прибор - за нивниот прв училишен ден да го дочекаат подготвени и со насмевка.
Како компанија, веруваме дека нашите луѓе се срцето на нашата организацијата, а нивните семејства се важен дел од нивната приказна. Затоа ни значи да бидеме присутни и во моментите кои се важни за нив, не само професионално, туку и лично.
Од оваа година, како дополнителна бенефиција за нашите вработени, сите родители во Mozzart кои имаат прваче имаат право на слободен ден за првиот училишен ден, за да можат да бидат заедно со своите деца и да го споделат со нив овој посебен момент.
Овој подарок е мал знак на внимание, но зад него стои една голема порака - секој нов почеток заслужува поддршка.
На нашите првачиња им посакуваме училишните денови да им бидат исполнети со нови знаења, искрени другарства и многу причини за радост и насмевки.
СО СРЕЌА ВО ПРВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА, ДРАГИ ПРВАЧИЊА!
