Во време кога компаниите сè повеќе се соочуваат со недостиг на кадар, брз раст и високи оперативни трошоци, аутсорсингот се претвора од резервна опција во стратешко решение. Како изгледа тоа во пракса, што значи вистинско партнерство меѓу компанија и аутсорсинг-провајдер и како изгледа културата зад еден ваков тим – разговаравме со Генералната менаџерка на Invenio&QHS за Македонија – Александра Сековски.
Што претставува аутсорсинг?
Аутсорсингот претставува практично и стратешко решение за компаниите кои сакаат да ја зголемат ефикасноста и да се посветат на својот основен бизнис и раст. Со пренесување на одредени функции – како што се човечки ресурси, производство или административни активности – на надворешен партнер, компанијата ослободува време и ресурси за стратешко планирање, иновации и развој.
Иако компаниите често го гледаат аутсорсингот како трошок, во реалноста тој претставува поддршка и решение – особено кога недостигаат доволно или соодветно обучени кадри за извршување на одредена задача или проект. Аутсорсингот може да биде краткорочен или долгорочен, да вклучува еден професионалец или цел тим кој ја покрива задачата од сите аспекти.
Најголемата предност е што нема ограничувања – компанијата добива флексибилност, експертиза и сигурност, додека доверлив партнер се грижи за организацијата и оперативните процеси без дополнителна администрација или нови вработувања. Така, тимот може целосно да се фокусира на она што навистина создава вредност – бизнисот, клиентите и растот.
Како би ја опишале мисијата и вредностите на Invenio & QHS Македонија со една реченица?
Нашата мисија е да обезбедиме висококвалитетни и прилагодени аутсорсинг решенија кои го решаваат предизвикот или проблемот со кој се соочуваат компаниите, овозможувајќи им да се фокусираат на својот развој, иновации и раст, додека ние се грижиме за организацијата и процесите – градејќи долгорочни партнерства и задоволни клиенти.
.jpg)
Што ја прави вашата компанија уникатна на пазарот на аутсорсинг во регионот?
Имаме речиси четири децении искуство и можеме да се вклучиме во секоја фаза од процесот — од концепт и дизајн до финален производ — комбинирајќи локална експертиза со глобални стандарди на квалитет. Дополнително, обезбедуваме комплетни услуги од областа на човечки ресурси и регрутација, нудејќи целосна поддршка за тимовите на нашите клиенти.
Она што нè прави уникатни е нашиот прилагоден пристап – фокусиран на специфичните потреби на секој клиент. Нашата цел не е само да обезбедиме услуга, туку да помогнеме во надминување на предизвиците и да изградиме долгорочна, взаемно корисна соработка.
Кои проекти најмногу ве гордеат?
Горди сме на сите наши проекти – до сега редиме само успеси. Особено сме горди на нашата работа во контролата на квалитет, каде го следиме целиот процес од пристигнување на компонентите до испорака на готови производи, како и на успешно обезбедување услуги од човечки ресурси, регрутација и развој на кадри во автомобилската и други индустрии.
Нашите проекти опфаќаат компании од различни индустрии, што ни овозможува да примениме флексибилен пристап и да создадеме решенија по мерка.
Секој проект го реализираме транспарентно, во постојана соработка со клиентите, кои имаат целосен увид во процесот – од почеток до крај. Тоа ја минимизира можноста за грешка и го зголемува меѓусебното доверие.
Посебно задоволство ни претставува кога соработуваме со факултети и кога успеваме да вработиме млад кадар – тоа за нас е вистински успех и инвестиција во иднината.
Како го прилагодувате вашиот пристап според потребите на различните клиенти?
Секој клиент е различен и има свои специфични потреби, затоа нашиот пристап секогаш е индивидуално прилагоден. На почетокот внимателно ги анализираме целите, предизвиците и очекувањата на клиентот, заедно ги дефинираме точните барања и создадеме решение што најдобро одговара на неговата организација.
Благодарение на долгогодишното искуство во различни индустрии, можеме брзо и ефикасно да се прилагодиме – без дополнителна административна сложеност за клиентот. Нашата цел е да изградиме доверлив однос и партнерство во кое резултатите, транспарентноста и взаемната добивка се во фокусот.
Кои се најголемите предизвици со кои се соочува вашата компанија и како ги надминува?
Еден од најголемите предизвици е да се справиме со различни деловни култури, менталитети и стереотипи, каде транспарентноста и фер-партнерството не се секогаш на прво место.
Нашиот пристап е секогаш професионален и транспарентен – градиме доверливи односи, поставуваме јасни очекувања и резултати, и на тој начин ја минимизираме можноста за недоразбирања или злоупотреби.
Како би ја опишале културата и тимот на компанијата во Македонија?
Нашата култура се заснова на тимска работа, доверба и професионалност. Тимот е посветен и искусен, а секој член има можност да учествува, да ја покаже својата иновативност и да придонесе кон проектите.
Секој проект е нова приказна, што ја прави работната средина динамична, инспиративна и продуктивна, каде сите имаат улога во надминување на предизвиците и постигнување на заедничките цели.
Која би била главната порака до потенцијалните клиенти или таленти?
Со нас добивате сигурен и долгорочен партнер кој нуди висококвалитетни, прилагодени решенија, со тим посветен на транспарентна соработка, поддршка во надминување на предизвиците и остварување на вашите цели на секој чекор од процесот.
Дали има нови иницијативи или проекти кои би сакале да ги истакнете во блиска иднина?
Во следниот период, планираме да ја прошириме експертизата во нови индустриски сегменти и да воведеме алатки за подобро следење на квалитетот и комуникацијата со клиентите.
.jpg)
