Најмногу слободни позиции, вкупно 2.980, имало во услужните дејности и продажбата, додека највисока стапка на слободни работни места е забележана во секторот за сместување и услуги со храна.
Во исто време, во јуни активно барале работа 88.541 лице. Најголем дел од нив имаат пониско ниво на образование, што укажува на несовпаѓање меѓу профилот на барателите на работа и потребите на работодавачите.
Според анкета меѓу работодавачите, приватниот сектор очекува отворање на 14.498 нови работни места, најмногу во преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото и угостителството.
