Утре е Велики Четврток - Нека првото црвено јајце донесе здравје и благослов!
Актуелно

Утре е Велики Четврток - Нека првото црвено јајце донесе здравје и благослов!

08. 04. 2026.

Утре е Велики Четврток - еден од базичните настани за Црквата. За православните христијани ова е средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот во пресрет на Христовото Воскресение.

Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. 

Главен обичај што се изведува на Велики Четврток и со посебно внимание е вапсувањето на велигденските јајца.

На Велики Четврток според православната традиција се бојадисуваат велигденските јајца – еден од најубавите и најзначајни обичаи за Велигден. Првото јајце секогаш е црвено. Се вика „чуваркуќа“ и се чува во домот до следниот Велигден како симбол на здравје, заштита и благослов.

Јајцето го претставува новиот живот, а црвената боја ја симболизира Христовата крв и Воскресението. Обично се бојадисуваат рано наутро, а во традицијата учествува целото семејство, што го прави овој ден посебно топол и радосен. 

Извор: skopjeinfo.mk