Ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите, а во акцијата ќе учествуваат волонтери, општините, ученици и други граѓани.
Од Град Скопје најавуваат дека организираните акции за чистење, кои започнаа на 30 септември, ќе продолжат да се одржуваат двапати месечно.
Заинтересираните граѓани можат да се обратат до својата општина за информации за локациите и начинот на приклучување.
