Шанса која не се пропушта - KROMBERG & SCHUBERT вработува во СКОПЈЕ и БИТОЛА!
Актуелно

Шанса која не се пропушта - KROMBERG & SCHUBERT вработува во СКОПЈЕ и БИТОЛА!

16. 10. 2025.

Шанса која не се пропушта - бидете дел од големото семејство на Кромберг & Шуберт на најголемиот саем за вработување кој се одржува од 14 до 21 октомври. Се гледаме на виртуелниот штанд!

Компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија“ (КШМК-Бт и КШМК-Ск) е дел од глобалната групација Kromberg & Schubert, која е специјализирана за производство на кабелски снопови за автомобилската индустрија.

Фабриката во Битола започна со својот производствен процес во индустриската зона „Жабени“ во 2012 година и денес успешно работи на три проекти: Mercedes (Vito и V-Class), Audi (A4/A6) и Mercedes Sprinter. Фабриката во Илинден, која ја започна својата дејност во мај 2022 година, е фокусирана на производството на кабелски снопови за клиентот BMW X1.

Во текот на изминатите години, бројот на вработени во компанијата континуирано расте. Со отворањето на новиот погон во индустриската зона „Илинден“, Кромберг & Шуберт Македонија денес вработува повеќе од 8.000 лица, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата.

Грижата за вработените е главната вредност на компанијата, додека инклузивниот начин на менаџирање и примената на Lean методологијата се клучните двигатели на нејзиниот успех. Покрај тоа, Кромберг & Шуберт е препознатлива и по својата општествена одговорност, преку бројни добротворни акции и придонеси во здравството, образованието и пошироката заедница.

Погледнете ги отворените работни позиции: 

Оператор во производство
линк за повеќе детали и аплицирање

Customs Officer - Bitola
линк за повеќе детали и аплицирање

Plant System Integrator
линк за повеќе детали и аплицирање

Logistics Manager
линк за повеќе детали и аплицирање

Посетете го нивниот ексклузивен виртуелен штанд од 14 до 21 октомври на Регионалниот саем за вработување

Дознајте за можностите за вработување во Kromberg&Schubert!

Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Крошу на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 14-21 октомври.

ПОСЕТЕТЕ ГО ШТАНДОТ НА КРОМБЕРГ