Како да дадете отказ – а да останете во добри односи со компанијата
Совети

Како да дадете отказ – а да останете во добри односи со компанијата

26. 07. 2025.

Не користете боледување или одмор за да си заминете порано!

Напуштањето на работно место е дел од професионалниот живот, но начинот на кој го правите тоа може да остави траен впечаток. Добро поднесен отказ не значи само заминување – туку и зачувување на односите, репутацијата и можноста за идни препораки или дури и повторна соработка.

1. Бидете искрени, но дипломатски

Изразете благодарност за можноста, знаењата и искуството што сте го стекнале. Дури и ако заминувате поради незадоволство, задржете го тонот професионален. Оставете ги личните фрустрации надвор од официјалната комуникација.

2. Известете навреме и според договорот

Почитувањето на отказниот рок покажува одговорност и зрелост. Тоа им дава време на колегите и на раководството да организираат транзиција без стрес.

3. Понудете поддршка при предавањето на обврските

Би било во ред  покажете иницијатива да го обучите или информирате вашиот наследник значи дека не си заминувате со „празни раце“, туку ја напуштате компанијата со стил и зрел пристап.

4. Бидете отворени за идни контакти

Оставете ja врата отворена. Никогаш не знаете каде ќе ве однесе професионалниот пат. Честопати, добри односи со поранешен работодавач водат до нови можности, препораки или дури и повик за враќање.

5. Пишете културен писмен отказ

Добар писмен отказ е краток, јасен и љубезен. Избегнувајте обвинувања и фрустрации. Во фокусот треба да бидат благодарноста и соработката.

НАЈВАЖНО!!!-Не користете боледување или одмор за да си заминете порано! Овој пристап често остава лош впечаток, остава колеги во незгодна ситуација и може да го наруши вашиот кредибилитет. Ако веќе одлучувате да заминете – заминете чесно.

Заклучок:
Отказот не мора да биде крај – туку паметно ново поглавје. Заминувањето во добар дух остава силна слика за вас како професионалец и човек.