Безос наводно го купува Vogue за сопругата Лорен
Актуелно

Безос наводно го купува Vogue за сопругата Лорен

09. 07. 2025.

Многумина веруваат дека не е случајно што новата г-ѓа Безос се појави на насловната страница на дигиталното издание на „Вог“ овој месец, облечена во венчаница од „Долче и Габана“ која лично ја избрала Ана Винтур.

Минатиот месец, Ана го објави своето пензионирање од позицијата главен уредник на американското издание на „Вог“, по 37 години, но останува вклучена во водењето на глобалните операции.

Семејството Њухаус, сопственици на „Кенди Нест“ од 1959 година, сè уште го држат списанието под нивната медиумска империја „Адванс Пабликејшнс“ и инсистираат дека нивните брендови не се на продажба.

Сепак, извор близок до Џеф Безос синоќа изјави дека е „целосно лажно“ дека тој размислува да го купи „Кенди Нест“.

И покрај овие тврдења, многумина во модната индустрија не се убедени. По бранот отпуштања низ целиот свет и преместувањето на редакцијата во Велика Британија во поскромен простор на „ВиВорк“ во близина на станицата Ватерло – по продажбата на седиштето на плоштадот Хановер – сè повеќе изгледа како „Конди Нест“ да се подготвува за продажба.

Amazon founder Jeff Bezos weds Lauren Sánchez in Venice ceremony | Fox News

– Приказната дека Џеф планира да го купи „Конди Нест“ е тема број еден во модната индустрија и во редакцијата на „Вог“ – рече еден извор.

Лорен Санчез се смета за многу неочекуван избор за насловната страница, а според гласините, тоа делумно се случило затоа што семејството Њухаус сака да се додворува на Безос. Многумина во Њујорк тврдат дека компанијата ги намалува операциите на начин типичен за фирмите што се подготвуваат за промена на сопственоста, пишува „Дејли меил“.

– Се шпекулира дека Ана била таа што посредувала во договорот, и затоа Лорен завршила на насловната страница. Ана има удел во компанијата и би можела сериозно да профитира од продажбата – рече изворот.

Безос не е странец во светот на издаваштвото. Уште во 2013 година, тој го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари во готово, со што стави крај на повеќегенерациското сопствеништво на семејството Греам, објавува „Телеграф“.

– Тој е еден од ретките што има доволно длабок џеб за таква купопродажба. И Лорен не е наивна – таа е многу лукава. Разговори за сето ова веќе се водени – додава друг извор.