Колкави се пензиите во регионот и каде е Македонија на листата?
Актуелно

Колкави се пензиите во регионот и каде е Македонија на листата?

24. 11. 2026.

Пензионерите во Словенија имаат највисоки просечни пензии меѓу земјите од поранешна Југославија, додека најниски износи се регистрирани во Босна и Херцеговина.

Според достапните податоци за септември и октомври 2026 година, просечните старосни пензии во регионот изнесуваат:

  • Словенија – 963,50 евра (просечна нето пензија)

  • Хрватска – 654,29 евра (просек според Законот за пензиско осигурување)

  • Црна Гора – 550,93 евра

  • Србија – 517,69 евра

  • Македонија – 496 евра

  • Федерација Босна и Херцеговина – 415,40 евра

Во Македонија просечната старосна пензија изнесува 30.529 денари, додека просекот за сите видови пензии е 470,10 евра.

Во Словенија, доколку се исклучат делумните и пропорционалните пензии, просечниот износ достигнува 1.088,70 евра, а во Хрватска 748,96 евра.

Податоците покажуваат значителни разлики во пензиските примања во регионот, но при споредбата треба да се земат предвид и различните методологии за пресметување на просечните пензии.