Директорот на Јавната установа Национален парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, изјави дека активно работат на идејата за уредување на полетиште за параглајдери на Баба Планина, со што прелетите ќе бидат над Преспанското Езеро.
„Еден од плановите за 2026 година е создавање услови за полетиште на Баба Планина во делот на Преспа, поточно кај локалитетот Вртушка или местото познато за планинарите како Кодро. Местото бара мали корекции во делот на уредувачки активности и без оштетувања на природата“, рече Тошевски.
Ваквите прелети ќе нудат прекрасен поглед кон Преспанското Езеро, но и поголема безбедност во однос на оние над Пелагонија затоа што ќе се лета над вода.
Извор:racin.mk
