Шок за граѓаните: Месото кај нас поскапо од Грција и Србија!
Актуелно

Шок за граѓаните: Месото кај нас поскапо од Грција и Србија!

12. 08. 2025.

Разликата е од 1 до 2 евра по килограм

Во Македонија, цените на месото се повисоки отколку во Грција, Србија, Албанија и Црна Гора – разликата е од 1 до 2 евра по килограм. Според месарници во Скопје, по укинувањето на мерката за ограничување на маржите, месото поскапело за околу 10%.

Свинското со коска и сланина кај нас чини околу 215–220 денари, а удина и ребра 6–7 евра (околу 400 денари), додека во соседството цените се 4–5 евра. Месарите тврдат дека големите фарми ја диктираат цената и ги потиснуваат малите производители.

Експертите предлагаат замрзнување на цените на ниво од март–април, кога инфлацијата беше околу 3%, но Владата засега само најавува дека анализите се при крај.

Податоците од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) покажуваат дека цените на месото глобално скокнале за 1,2% и достигнале највисоко ниво откако се врши мерење. Во јули, Македонија имала годишна инфлација од 4,8%, највисока во регионот. За споредба, во Србија и Босна и Херцеговина инфлацијата изнесуваше 4,6%, во Хрватска 4,5%, во Косово 4,3%, а во Црна Гора 4,2%.