По празничниот викенд по повод 11 Октомври, календарот до крајот на годината предвидува уште неколку неработни денови, но само еден од нив овозможува тридневен викенд без користење годишен одмор.
Бидејќи 11 Октомври годинава се паѓа во недела, понеделник, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани. Така, празничниот викенд трае од 10 до 12 октомври.
Последниот продолжен викенд за сите е од 23 до 25 октомври
Следната можност за три последователни слободни дена доаѓа многу брзо.
Петок, 23 октомври, кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.
Тоа значи дека вработените кои вообичаено не работат во сабота и недела ќе можат да уживаат во продолжен викенд од петок, 23 октомври, до недела, 25 октомври.
Ова е последниот продолжен викенд во 2026 година што произлегува од празник кој важи за сите граѓани, без потреба од дополнителен ден годишен одмор.
Кои се преостанатите неработни денови до крајот на 2026 година?
Според официјалната програма на неработни денови, календарот изгледа вака:
|
Датум |
Ден |
Празник |
За кого е неработен |
|---|---|---|---|
|
12 октомври |
Понеделник |
Неработен ден за 11 Октомври |
Сите граѓани |
|
23 октомври |
Петок |
Ден на македонската револуционерна борба |
Сите граѓани |
|
1 ноември |
Недела |
Празникот на сите светци |
Католички верници |
|
22 ноември |
Недела |
Ден на албанската азбука |
Албанската заедница |
|
8 декември |
Вторник |
„Св. Климент Охридски“ |
Сите граѓани |
|
21 декември |
Понеделник |
Ден на настава на турски јазик |
Турската заедница |
|
25 декември |
Петок |
Божик според католичкиот календар |
Католички верници |
Еден ден годишен одмор во декември носи четири слободни дена
Иако последниот празник што е неработен за сите граѓани, 8 декември, се паѓа во вторник, постои можност да се искористи за подолга пауза.
Доколку земете само еден ден годишен одмор во понеделник, 7 декември, ќе можете да споите четири последователни слободни дена:
• Сабота, 5 декември – викенд
• Недела, 6 декември – викенд
• Понеделник, 7 декември – годишен одмор
• Вторник, 8 декември – неработен празник
На овој начин, со само еден одобрен ден од годишниот одмор, може да се добие пауза од четири дена.
Дополнителни продолжени викенди за дел од граѓаните
Во декември има уште две можности за продолжен викенд, но тие не важат за сите граѓани.
За припадниците на турската заедница, понеделник, 21 декември, е неработен ден по повод Денот на наставата на турски јазик. Така, тие можат да имаат три слободни дена, од 19 до 21 декември.
За граѓаните од католичка вероисповед, Божик се празнува во петок, 25 декември, што овозможува продолжен викенд до недела, 27 декември.
Празниците на 1 и 22 ноември, пак, се паѓаат во недела, а официјалната програма не предвидува дополнителен неработен понеделник за нив.
За сите што планираат кратко патување или одмор до крајот на годината, најдобрата можност без користење годишен одмор останува викендот од 23 до 25 октомври. Сепак, конечниот распоред зависи од работните обврски, особено во дејностите каде што се работи и за време на празници.
