http://www.ferprom.com.mkул.Стојка Цекова бр.62, 1000 СкопјеФЕРПРОМ е компанија со седиште во Скопје, која е основана во 1999 година во Р.Македонија.
Компанијата се занимава со увоз на амбалажа од пластика, стиропор и алуминиум која се користи за пакување на храна и истата ја дистрибуира низ Македонија и околните држави.
Со цел доближување до клиентите, ФЕРПРОМ располага со стручен тим кој помага на потрошувачите да ја одберат соодветната амбалажа, со што дополнително им го олеснува изборот на купувачите. Целта на компанијата е да го задржи и подобри водечкото место во Р.Македонија со рапидно зголемување на обемот и квалитетот на понудената амбалажа, за која цел ФЕРПРОМ располага со сопствени магацини од 2050 м2 и сопствени возила, обезбедувајќи на тој начин брза и навремена достава.Повеќе за работодавачот