Врати се
Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија
https://iorrm.org.mk/ул. 11 Октомври бр. 52 А/1-3, 1000 СкопјеИнститут на овластени ревизори на Република Македонија" е професионално коморско здружение на овластени ревизори. Институтот функционира како независна, непартиска и непрофитна организација во која се зачленуваат физички лица без оглед на нивната национална, верска, расна и друга припадност и правни лица согласно со Законот за ревизија. Институтот е основан и работи согласно со Законот за ревизија, Законот за стопанските комори и други закони на Република Македонија. Јавноста во работењето се обезбедува преку информирање на членовите, информирање на јавноста преку медиумите и други форми на информирање. Актите, билтените, извештаите и сите информации во интерес на членовите на Институтот задолжително се објавуваат на веб страницата на Институтот. Институтот е надлежен за вршење на следниве работи: 1) Води Регистар на ревизори, Регистар на овластени ревизори, Регистар на друштва за ревизија, Регистар на овластени ревизори-трговци поединци и Регистар на трајно одземени лиценци; 2) Донесува програма за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор и спроведува испит за стекнување на звањето ревизор; 3) Издава уверение за ревизор; 4) Пропишува форма и содржина на уверението за ревизор; 5) Ги разгледува и одлучува по барањата за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство, врз основа на правила и постапки пропишани од Институтот; 6) Организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива при признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство; 7) Организира и спроведува континуирано професионално усовршување; и останати точки по членовите од Статутот на Институтот кој ќе го најдете на нашата веб страна, во делот на Акти.Повеќе за работодавачот

Платите се зголемија.

Прашањето е – каде си ти во таа приказна?
Дознај ја платата за твојата позиција
my-paycheck-site
Избери го најдобриот работодавач и освој атрактивна награда!
Вредносен ваучер 300, 200, 100 евра.
Пополни ја анкетата
ppi-site