Синдикалците велат дека борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.
„Според податоците од Управата за јавни приходи во Македонија бројот работници кои примаат плата изнесува 503.031. Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а 1/3 од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни!“, велат од ССМ.
„Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата“, додаваат синдикалците.
Оваа синдикална битка трае веќе со години. Нивната намера е посуштинско зголемување на платите надвор од законската рамка како еден вид на интервентна промена на методите а се со цел обезбедување на квалитетен и пред се достгоинствен живот на македонските работници.
Власта инсистира зголемувањето да биде според законската пресметка, која овој месец ќе изнесува 1600 денари пораст на минималецот, а тоа според ССМ е срамно и понижувачко за оние кои ја полнат државната каса.
Работодавачите пак, секогаш се со воздржани изјави дека не треба да се брза, не треба да се носат инпулсивни решенија туку да се бара начин како да се зголеми производството па да се зголемат и платите.
Експертската јавноста пак секогаш е поделена, едните се дека на работникот не му треба ништо освен добра плата, а другите пак се плашат дека тоа може да значи ризик од зголемена инфлација.
Извор: denar.mk
