ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: Утре се затвора за сообраќај дел од булеварот „Џон Кенеди“
Актуелно

ВАЖНО ЗА ВОЗАЧИТЕ: Утре се затвора за сообраќај дел од булеварот „Џон Кенеди“

18. 08. 2026.

Утре, од 08:00 часот наутро, делницата од булеварот „Џон Кенеди“ до кружниот тек ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци. Оваа привремена измена се воведува поради започнување на градежни активности за гребење на стариот асфалт.

Надлежните апелираат до граѓаните и сопствениците на возила навремено да ги отстранат и да не ги паркираат своите автомобили долж оваа делница за да се овозможи непречено одвивање на градежните работи.

Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената сигнализација и до завршување на реконструкцијата да ги користат споредните и алтернативните сообраќајници.

Извор: faktor.mk