Летот, кој бил закажан за 9:40 часот, бил неколкупати одложуван поради проблеми со опремата за одмрзнување на авионите.
Според сведоштвата на патниците, повеќечасовното чекање предизвикало паника и незадоволство. Дел од нив побарале да го напуштат авионот, а двајца патници доживеале напади на паника. Патниците се пожалиле и на недостиг од бесплатна вода и храна, како и на проблеми со тоалетите.
Авионот конечно полетал во 17:34 часот.
Од „Рајанер“ соопштија дека доцнењето било предизвикано од технички проблеми со аеродромската опрема за одмрзнување, додека од аеродромот во Виена посочија дека обилните снежни врнежи и ниските температури значително го отежнале авиосообраќајот.
Авиокомпанијата најави разговори со локалната контрола на летање во врска со инцидентот.
