На почетокот на годинава, Царинската управа во објект во Струга заплени 1.387 електронски цигари и 1.027 кутии традиционални цигари без акцизни марки. Избегнатата акциза изнесувала 509.000 денари.
Дополнителен ризик претставуваат онлајн продажбата и атрактивните пакувања со слатки ароми, кои можат да ги привлечат младите. Кај нелегалните производи нема гаранција за потеклото, составот и количината на никотин.
Според извештајот на КПМГ за 2025 година, во Европската Унија биле потрошени 41,8 милијарди нелегални цигари, односно 10,3 отсто од вкупната потрошувачка.
Во септември годинава, Царинската управа соопшти и за откриени организирани случаи на шверц на цигари во рамки на операцијата „Филтер“, со избегнати давачки од над 377 милиони денари.
Потребни се построги контроли, санкции за нелегалните продавачи и проверка на возраста при онлајн нарачки, за да се спречи пристапот на малолетниците до овие производи.
