Стопанска Банка АД – Скопје, најстарата и една од најреномираните банки во Македонија, со историја од 1944 година, оваа година е дел од Регионалниот саем за вработување.
Банката е лидер во развојот на иновативни финансиски производи и услуги за населението и правните лица и е еден од најголемите финансиски субјекти на македонскиот пазар. Со фокус на потребите на клиентите, Стопанска Банка е сигурен и доверлив партнер, поддржувајќи го нивниот раст и ефикасност.
Корпоративната култура се заснова на интегритет, професионализам и одговорност, поттикнувајќи отворена комуникација, етичко деловно однесување и соработка. Банката инвестира во мотивирана и продуктивна работна сила, посветена на постигнување високите стандарди на работа.
Како општествено одговорна компанија, Стопанска Банка активно придонесува преку различни иницијативи за развој на заедницата и заштита на животната средина.
Посетете го нивниот премиум виртуелен штанд од 14 до 21 октомври на Регионалниот саем за вработување
На саемот ќе ги претстави отворените позиции и можностите за кариера во една од најуспешните и најдоверливи банки во земјата.
Агент за грижа на корисници во дирекцијата за контакт центар и директна продажба во секторот за картични производи и директно банкарство
линк за повеќе детали и аплицирање
Сметководител - Аналитичар во секторот за сметководство
линк за повеќе детали и аплицирање
Соработник за ликвидност во секторот за средства и ликвидност
линк за повеќе детали и аплицирање
Соработник за спречување на перење пари во секторот за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите
линк за повеќе детали и аплицирање

