Колкава е онлајн заработувачката на креативците: Фејсбук и Инстаграм продавниците, место за лесна заработка
Актуелно

Колкава е онлајн заработувачката на креативците: Фејсбук и Инстаграм продавниците, место за лесна заработка

19. 07. 2025.

Во време кога дигиталната економија им дава можност на луѓето да профитираат глобално, продажбата на рачни производи преку Инстаграм и Фејсбук станува сериозен извор на приход.

Според „SupplyGem“, просечен месечен приход на креатори на Инстаграм изнесува околу 3.853  долари месечно — што го прави еден од најдоходовните канали за оние што работат со креатори на содржини, вклучително и занаетчии.

Но, ако сакате да работите на овој начин кај нас, тоа не е можно. Мета се уште ги нема „отворено“ Инстаграм и Фејсбук продавниците во Македонија. Кога ќе се дојде до моментот да се направи продавница, посочува дека тоа е невозможно во земјава.

Според анализи за онлајн продавници за уметност и рачни изработки, месечните приходи се движат околу 2.000–10.000 долари, додека оние што го работат тоа со цело работно време или имаат голема клиентела, се на горниот дел од спектарот.

Пазарот и продавницата на Фејсбук се корисни особено за продавачи кои комбинираат локални продажби и испраќаат во странство: многумина постигнуваат нето профит од 4.000–5.000 долари месечно, а профитната маржа е околу 40–50 отсто и тоа не со цело работно време.

Кај сериозните занаетчии и мали брендови, реалноста е годишен приход од 30.000 до над 100.000 долари, доколку ја користат правилно комбинацијата на платформи, огласи и маркетинг стратегии.

Извор: faktor.mk