Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.6%.
Најголемо влијание врз зголемувањето на просечната плата имаа повисоките исплати во секторите: Недвижен имот за 16,6% проценти, Индустрија за 11,5 проценти и Образование за 11,4 проценти.
Од друга страна, споредено со јануари 2025, платата пораснала во следниве сектори:
▪️ Информации и комуникации, +4,0%
▪️ Недвижен имот, +3,9%
▪️ Преработувачка индустрија, +2,5%
Најниската просечна плата во февруари е исплатена во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а највисоката повторно ја има секторот Информации и комуникации.
Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно ТУКА (за компании.)
