Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење.
Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во споредба со 2024 година, но е значително помал (за 7,7 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2015 година, објави Европскиот завод за статистика - Евростат.
Најголем дел од луѓето кои не можеле да си дозволат една недела одмор се забележани во Романија (61,4 проценти), Грција (46,6), како и во Бугарија и Унгарија (39,1 процент во обете земји).
Спротивно на тоа, 10,6 проценти од луѓето во Луксембург, 12,4 во Шведска и 12,8 проценти во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат една недела одмор.
Извор:faktor.mk
