Земјата има високо ниво на рециклирање, па увозот на отпад им овозможува на согорувалниците да работат со полн капацитет. За преземањето на отпадот, Шведска добива и надомест од земјите што сакаат да избегнат депонирање.
Отпадот се согорува во контролирани постројки, а добиената енергија се користи за струја и греење на домаќинствата.
За разлика од овој модел, во делови од Југоисточна Европа голем дел од комуналниот отпад сè уште завршува на депонии, додека проектите за енергетско искористување на отпадот се развиваат многу побавно.
