Во анализата биле опфатени 26 европски рути, а линијата меѓу Барселона Ел Прат и амстердамскиот „Схипхол“ освоила 75,1 од 100 поени.
Од септември 2025 до август 2026 година, 7,02% од летовите биле одложени повеќе од еден час, 0,83% повеќе од три часа, а 2,93% биле откажани. Просечното времетраење на летот е 130 минути, а променливото време во Амстердам е дополнителен фактор.
На второ место е Лондон Хитроу – Амстердам со 63,8 поени, додека третото место го зазеде Манчестер – Даблин со 63,4 поени.
Меѓу десетте најстресни рути се најдоа и Лисабон – Мадеира, Париз – Ница, Осло – Ставангер, Барселона – Рим и Мадрид – Лондон.
Анализата се однесува на фактори кои можат да го зголемат стресот кај патниците – како доцнења, откажувања, чекања и временски услови – а не на безбедноста на летовите или ризикот од турбуленции.
