Дубаи ќе лета над сообраќајниот метеж: Наскоро стартуваат летечки такси
Актуелно

Дубаи ќе лета над сообраќајниот метеж: Наскоро стартуваат летечки такси

27. 08. 2026.

Дубаи направи важен чекор кон иднината на градскиот превоз, откако го сертифицираше првиот вертипорт наменет за комерцијални летечки такси. Првите летови со патници се очекуваат уште годинава.

Терминалот VDX е наменет за електрични eVTOL летала, кои можат вертикално да полетуваат и слетуваат без потреба од класична писта. Објектот располага со инфраструктура за полнење и зони за полетување и слетување.

Меѓу најавените рути е и патувањето од аеродромот во Дубаи до Палм Џумеира, кое би траело околу 10 минути.

Летовите ќе ги реализира Joby Aviation, а летечките такси се очекува постепено да станат дел од транспортната мрежа на Дубаи.