Според ЦИМ, лекот има за цел да му помогне на имунолошкиот систем поефикасно да ги препознава и уништува клетките на ракот. Неговото дејство е слично на пембролизумаб, имунотерапија која се користи во третманот на меланом и други видови рак.
Првите клинички испитувања на „2Ц12“ ќе се спроведуваат во болници во Хавана, како и во онколошки установи во Вила Клара.
Од ЦИМ наведуваат дека развојот на лекот претставува значаен научен напредок за Куба, и покрај економските и енергетските тешкотии со кои се соочува земјата.
Сепак, важно е да се напомене дека „2Ц12“ сè уште е во фаза на клиничко испитување, што значи дека неговата ефикасност и безбедност кај луѓе допрва треба да бидат потврдени.
