Само два македонски маркета во топ 100 најпрофитабилни компании за 2025 година
Актуелно

Само два македонски маркета во топ 100 најпрофитабилни компании за 2025 година

25. 06. 2026.

Заедно, двата синџири во 2025 година оствариле добивка од 16.465.308 евра.

Според најновата анализа на Pari.com.mk и БизнисМрежа, вкупната добивка на топ 100 најпрофитабилни компании во Македонија за 2025 година достигна 881,1 милиони евра. На врвот на листата доминираат компании од автомобилската индустрија, телекомуникациите, фармацијата, енергетиката и прехранбената индустрија.

Топ 5 најпрофитабилни компании се:

1. Џонсон Мети — 73.159.424 евра (+15,56%)
2. Македонски Телеком — 40.567.987 евра (+4,72%)
3. Алкалоид АД — 32.263.922 евра (+16,54%)
4. Титан УСЈЕ АД — 29.281.249 евра (-4,88%)
5. Пивара Скопје АД — 26.936.187 евра (+13,39%)

Од сите трговски синџири на мало пак, во топ 100 нашле место само два — КАМ ДОО Илинден и Киппер Маркет.

КАМ ДОО се наоѓа на 21-во место на листата со остварена добивка од 10.003.130 евра, што претставува раст од 44,09% во споредба со претходната година кога добивката изнесувала 6.942.255 евра.

Киппер Маркет е на 43-то место со добивка од 6.462.178 евра и раст од 26% во однос на претходната година, кога добивката изнесувала 5.128.829 евра. Киппер е воедно еден од малкуте трговски синџири кој бележи константен раст и во приходи и во добивка.

Заедно, двата синџири во 2025 година оствариле добивка од 16.465.308 евра.

Интересно е дека прагот за влез во топ 100 најпрофитабилни компании изнесува околу 3 милиони евра добивка — што покажува колку е конкурентна и концентрирана профитабилноста во македонската економија.

Целата листа е ОВДЕ