Нема повеќе трка кој носи поскапа облека: Бесплатни униформи за учениците во средните школи во Скопје
Актуелно

Нема повеќе трка кој носи поскапа облека: Бесплатни униформи за учениците во средните школи во Скопје

28. 07. 2026.

Градоначалникот на Скопје, најави нова мерка според која сите ученици запишани во прва година во средните училишта ќе добијат бесплатни училишни униформи.

Мерката има за цел да ги намали социјалните разлики меѓу учениците, да го олесни финансискиот товар за семејствата и да создаде поправедна и побезбедна училишна средина.

Од Град Скопје посочуваат дека воведувањето униформи ќе придонесе за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика што веќе се применува во голем број современи образовни системи.

Според најавите, преку оваа и други мерки се работи на создавање училишна средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство.