Според дефиницијата во амандманот, приватен клуб е „правно лице регистрирано согласно закон, кое користи затворен простор со ограничен пристап, наменет исклучиво за регистрирани членови кои доброволно членуваат и плаќаат членарина и кој не е достапен за пошироката јавност“.
Експертската група која го подготвувала законот не го поддржува овој амандман. Според нив, дозволувањето пушење во приватни клубови нема да придонесе за намалување на пушењето и нема да има доволен ефект врз превенцијата, особено кај младите.
Од друга страна пак, министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила.
