Променливо облачно време со дожд и температура до 16 степени
Актуелно

Променливо облачно време со дожд и температура до 16 степени

16. 11. 2026.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и локални врнежи од дожд, кои најпрво ќе ги зафатат западните делови, а попладне и останатите региони. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 10, а максималните од 12 до 16 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Под влијание на јужно воздушно струење, температурите постепено ќе растат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој од среда повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час, особено во западните делови.