„Пајакот“ на ПОЦ кренал 123 непрописно паркирани возила за една недела
Актуелно

„Пајакот“ на ПОЦ кренал 123 непрописно паркирани возила за една недела

22. 09. 2026.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) информира дека во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ биле отстранети 123 непрописно паркирани возила.

Дел од возилата биле паркирани на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони.

Од ПОЦ најавуваат дека контролите ќе продолжат и апелираат до возачите да ги почитуваат правилата и да паркираат само на дозволени места.