Ако една цигара трае околу шест минути, три цигари дневно значат околу 18 минути помалку работа. За 20 работни дена тоа се шест часа месечно, а со времето за излегување и враќање, бројката може да достигне околу седум часа – речиси цел работен ден.
Токму затоа непушачите сметаат дека треба да имаат право на еднакви паузи, додека пушачите велат дека и физичкото присуство во канцеларијата не значи секогаш продуктивност.
Истражувањата покажуваат дека активните пушачи во просек имаат поголеми загуби на продуктивност и повеќе отсуства од непушачите и поранешните пушачи. Сепак, бројот на паузи не е единствениот фактор што ја одредува ефикасноста.
Затоа некои компании воведуваат кратки паузи за сите вработени, без разлика дали ќе ги искористат за цигара, кафе или краток одмор.
На крајот, поважно од тоа кој пуши е дали сите вработени имаат исти правила и се мерат според исти критериуми.
