Црна Гора, популарна дестинација за многу македонски туристи ја почнува својата нова летна сезона.
Традиционално и ова лето главните предизвици се сообраќајниот метеж, недостиг на паркинг и работна сила, но и како да се задржат пристојните цени за летување.
Она што туристите покрај сметувањето, најмногу ги интересира се секако цените на лежалките на плажите.
Според информациите од црногорските медиуми, цените на лежалки во главно остануваат исти како и минатата сезона.
Во Улцињ кое важи за едно од најевтините места за летување, цената на сет лежалки со чадор се движи од 12 до 20 евра (зависи од редот и плажата).
Слична цена, од 15 до 20 евра има и во другите поевтини места како Бар, Сутоморе, Чањ и Буљарица.
Сепак, како што се оди посеверно, расте и цената на лежалките. Па така, во Каменово, Будва, Јаз, Рафаиловиќи цените за сет лежалки почнуваат од 25 евра, а слично е и во Бококоторскиот залив.
Рекордна цена оваа година има на Кралската плажа во Милочер близу Свети Стефан каде за сет лежалки треба да издвоите 200 евра дневно.
Секако, она што треба да се знае е дека 30% од капацитето на секоја плажа со закупец е слободен, односно дека можете да престојувате бесплатно со сопствен чадор и лежалки.
Од Турстичката организација на Црна Гора велат дека токму разновидноста на понудите кои одговараат на сечиј џеб е адутот што Црна Гора треба да го користи и оваа сезона пред конкуренцијата на Хрватска и Албанија.
