Во серијалот „Од светот назад во Реплек“, ќе слушнете луѓе кои зборуваат за љубовта кон професијата, посветеноста и вербата во иднината дома, во Македонија. Разговараме со вработени во Реплек на различни позиции секој со своја приказна но со една заедничка изјава: Само дома си е дома!
Овие приказни се инспирација за сите оние кои размислуваат дали и во која компанија да се вратат во Македонија но и дали има простор да го искористат стекнатото знаење и искуство од надвор.
Душан Пецовски, 39 Генерален Директор во Реплек

Пецовски, е еден од луѓето кои се вратија во Македонија по многу години поминати во странство. Неговата приказна е приказна за личен раст, за изборот да се вложи во својата земја и за изградба на успешна македонска иднина.
- Се вратив во Македонија со желба да го имплементирам своето знаење и искуство од надвор за да градиме наша успешна македонска приказна, да докажеме дека можеме и умееме - вели тој и додава - Она што ми е најважно, да го пренесам ,а го научив надвор е: Вербата и самодовербата во сопствениот народ, желбата да се успее и отсуството на стравот од неуспех. Тоа се карактеристики кои силните и успешни култури каква што е австриската ги имаат во себе а за жал кај нас се недоволно застапени.
Душан е дипломиран економист и компјутерски инженер, а неговото образование го надополнуваат магистерските студии по финансии и бизнис администрација. Неговото патување започнува кога тој, заедно со неговите родители, се преселува во странство на четиригодишна возраст. Прво во Австрија, потоа и во Франција, каде што поминува голем дел од својот живот. Се образувал и работел во различни културни и професионални средини, што му овозможило да ги стекне ценетите вештини на дисциплина, ред и адаптиација во нови околности.
По цели 26 години поминати во странство, Душан се враќа во Македонија во 2011 година. Иако неговиот живот бил исполнет со успешни искуства надвор, се вратил со желбата да го примени своето знаење и да помогне во изградбата на македонската иднина. "Чувството на припадност и желбата да се живее и работи за својата држава беа пресудни. Сакав да бидам дел од една автохтона приказна", вели тој.
Процесот на прилагодување на новата средина не бил лесен. Враќањето во Македонија било како повторно селидба во нова земја, бидејќи многу работи биле различни од оние што ги оставил зад себе. "Македонија не беше истата како што ја паметам, а долго време поминато надвор ме оттуѓи од сопствената култура", објаснува Душан. Но, со ентузијазам и желба за успех, тој успеал да се прилагоди и да ја цени својата земја и народ уште повеќе. - Многуте години надвор од земјата ме научија двојно повеќе да ја сакам и ценам својата татковина и сопствениот народ. За мене немаше поубаво место за живеење и работење од ова овде.
Душан во Реплек го привлекла не само долгата традиција на компанијата, туку и потенцијалот што таа го носела.
"Реплек има своја препознатлива душа, и таа душа ја создаваат луѓето кои работат тука. Сметав дека имам шанса да бидам дел од тимот што ќе создаде нови можности и ќе помогне во создавањето на успешна кариера за новите таленти", па додава-Од мојата сегашна позиција се обидувам Она што не сум имал прилика јас да го изреализирам како млад вработен во Реплек да им го овозможам денес на нашите најмлади таленти – поддршка, шанса, перспектива, атмосфера и услови за светска кариера.
Пазарот на трудот во Македонија, според Душан, пак, има голем потенцијал да ги привлече луѓето со меѓународно искуство, но за тоа да се случи, потребна е стратегија која ќе создаде услови за нивно враќање и успешен развој во земјата.
" Имаме што да понудиме и со што да се пофалиме, само треба да го покажеме, стандардизираме, избрендираме и понудиме истото.", вели Душан и заклучува:
За да се врати некој во земјава особено е важно да се негува желбата за враќање. Таа желба се базира на услови и перспектива. Ние компаниите сме едни од неколкуте чинители кој што треба да ги создадат тие прилики.
