Над 100.000 граѓани работат на црно, а бројот на невработени надмина 90.000
Актуелно

Над 100.000 граѓани работат на црно, а бројот на невработени надмина 90.000

27. 08. 2026.

Во второто тримесечје од 2026 година, бројот на активно население во земјава е зголемен за 0,8 отсто во споредба со истиот период лани, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во земјава има вкупно 798.718 активно население. Од нив, 708.698 лица се вработени, а 90.020 се невработени.

Стапката на активност изнесува 52,5 отсто, стапката на вработеност е 46,6 отсто, додека стапката на невработеност е 11,3 отсто.

Од вкупниот број невработени, 63,6 отсто се мажи, а 36,4 отсто се жени. Во меѓувреме, бројот на вработени е зголемен за еден отсто, при што 57,7 отсто од вработените се мажи, а 42,3 отсто жени.

Во второто тримесечје од годинава се евидентирани 101.022 неформално вработени лица, што е раст од 7,2 отсто во споредба со претходното тримесечје.

Од ДЗС посочуваат дека најголем дел од овој пораст се должи на зголемениот број неформално вработени во земјоделството, шумарството и рибарството. Во овие дејности се регистрирани 51.487 лица, односно 51 отсто од вкупниот број неформално вработени.

Значителен дел од неформалната вработеност е присутен и во градежниот сектор, каде се концентрирани дополнителни 17,2 отсто од овие работници. Според ДЗС, ваквата распределба покажува дека сезонските активности во земјоделството и градежништвото имаат големо влијание врз кварталните промени во неформалната вработеност.